mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Во поплавите во Виетнам загинаа најмалку 13 лица

Во поплавите во Виетнам загинаа најмалку 13 лица

Типографија

Во поплавите што ги донесоа поројните дождови од крајот на ноември во централниот дел на Виетнам досега загинаа најмалку 13 лица.

Надлежните информираат дека во наредните денови се очекува повеќе дожд.

Според информациите шест лица се загинати во поплавите во провинцијата Бин Дин и уште четири се загинати во провинцијата Куанг Нгаи, а повеќе од 10 илјади домови во двете провинции се поплавени.

Три деца на возраст меѓу четири и 13 години се однесени во поплавите во провинцијата Куанг Хам.

Студениот бран сега се движи кон југ и се предвидува да се донесе обилни врнежи во централните провинции.

Во поплавите од октомври наваму загинати се 65 луѓе, а потопени се 200 илјади домови. Исто така оштетена е и железницата и многу патишта. Загубата од поплавите се проценува на околу 309 милиони долари.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет