mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Земјотрес од 4,4 степени ја потресе северна Италија

Земјотрес од 4,4 степени ја потресе северна Италија

Типографија

Во регионот на централна Италија, каде во текот на последните три месеца имаше три силни земјотреса, повторно имаше потрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала.

Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија информира дека потресот е регистриран во 16.14 часот по локално време во планинската област Аквила.

Епицентарот е на 11 километри од  Аматриче, еден од градовите што беа опустошени од земјотресот со јачина од 6 степени според Рихтер, на 24 август, кога загинаа 300 лица.

Засега нема податоци за жртви или штети од денешниот потрес.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет