mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Големиот корален гребен се повеќе бледее

Големиот корален гребен се повеќе бледее

Типографија

Високите температури на водата на брегот на Австралија оваа година доведоа до уништување на коралите на Големиот корален гребен во најголема мера до сега.

Ова го покажало истражувањето на Центарот за студии на коралните гребени АРЦ.

Околу 67 отсто од коралите умреле на северниот дел на гребенот, кој е најтешко погоден. Ситуацијата е подобра во централниот дел на австралискиот Голем корален гребен, каде настрадале само шест отсто од коралите, додека јужниот дел е во добра состојба.

Научните предупредуваат дека опоравувањето може да биде отежнато ако продолжат климатските промени.

Коралите бледат кога температурата на океанот постојано расте во непрекинат временски период.

Температурата на водата кај Големиот корален гребен го достигна рекордот во февруари, март и април годинава, со најмалку еден степен повеќе во однос на месечниот просек.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет