mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Соларната енергија ја спасува храната во Африка

Соларната енергија ја спасува храната во Африка

Типографија

Малави е една од најсиромашните земји во светот. Деведесет отсто од населението живеат во руралните средини. Земјоделството сочинува 80 отсто од работната сила и 80 отсто од извозот.  Но нарушувањата на климата можат да бидат закана за опстанокот на овие луѓе.

Со векови населението знаело во која сезона треба да го насадат нивното семе со цел да се фатат дождовите кои ќе ја напојат земјата и ќе има храна која потоа ќе се продаде. Сепак како што климата се менува, овие знаења се безвредни затоа што врнежите се променети и на тој им начин се одзема храната на луѓето. Сега 6,7 милиони луѓе немаат доволно храна.

Но, благодарение на сончевата енергија најсиромашните и најоддалечените луѓе во Малави се свртуваат кон моќта на сонцето и имаат голема корст од неа. Со нив тие ги снабдуваат со енергија системите за наводнување кои им помагаат да се справат со сушите. Сега соларните фарми никнуваат насекаде, а трошоците опаѓаат. Само овој месец Меѓународната агенција за енергетика објави бројки кои покажуваат дека минатата година, во целиот свет, секој ден се инсталирани половина милион соларни панели.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет