Европа треба да наложи царина за увозот од земјите кои не го почитуваат светскиот договор за борба со климатските промени, напиша францускиот премиер Мануел Валс во статија, објавена во вчерашниот весник „Еко“.
Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп вети дека ќе ги повлече САД од Парискиот договор за намалување на емисиите на стакленички гасови.
Според Велс, Европа треба да преземе дејствија со цел да не им се довозоли на компаниите да ги преместат нивните дејности во земји кои не го почитуваат договорот.
- Доколку сака да се постигне целта Европа треба да го наплати увозот од земјите кои не сакаат да го почитуваат Парискиот договор, па тоа и нека го направи - напиша францускиот премиер.
Поранешниот француски претседател Никола Саркози, исто така, предложи да се воведе наплата на увозот од САД, ако идната Влада на Трамп се откаже од договорот што беше потпишан во 2015 година, но неговиот повик беше отфрлен Германија и Еврокомисијата.