Канада до 2030 година ќе ги затвори електраните на јаглен за да се забрза намалувањето на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина.
- Тие електрани, кои се наоѓаат во четири канадски провинции, емитуваат околу 10 отсто од вкупната емисија на гасови во Канада. Нивното затворање ќе биде еднакво на тоа да се повлечат од сообраќај 1,3 милиони автомобили - вели канадската министерка за животна средина.
Според неа Канада ќе вложи напори до 2050 година да ја намали за 80 отсто емисијата на гасови со ефект на стаклена градина.
Околу 80 отсто од електричната анергија во Канада е произведена од обновливи извори на енергија, а целта на властите е до 2030 година тој процент да го зголеми на 90 отсто.
Мерки за затворање на електрани на јаглен најавија и Франција, Велика Британија, Холандија, Данска и Австрија. Таа мерка е во склад со договорот за климатски промени постигнат во Париз минатата година.