Земјотрес со првично утврдена магнитуда од 6,3 степени според Рихтеровата скала го потресе Северниот остров на Нов Зеланд.
Земјотресот е една недела откако моќен потрес со сила од 7,8 степени го погоди Јужниот остров и го одзеде животот на две лица, пренесоа британските медиуми.
Епицентарот на денешниот потрес е во близина на брегот на Северниот Остров, на длабочина од 37 километри.