mksqen
16
Пон, Јун
0 Нови / 7 дена

Како културното наследство да се заштити од климатските промени

Како културното наследство да се заштити од климатските промени

Типографија

Кога моќниот циклон Хета ја погодил малата островска држава Ниуе во Тихи Океан во 2004 година, предизвикал огромни штети и уништил 95 отсто од предметите што се чувале во националниот музеј. Ова е само еден од многу примери на загуба на културното наследство поради зачестените невремиња, поплави и други природни несреќи што се јавуваат како последица на климатските промени.

Се смета дека многу луѓе, па и цели народи ќе мора да ги напуштат местата загрозени од подигнувањето на нивото на морињата, и зад себе ќе ги остават старите верски храмови, гробиштата, и познатите објекти.

Но доаѓаат нови креативни решенија за овој проблем, и тоа од организации што долго време се борат за зачувување на културното наследство, но досега немале голема улога во справување со проблеми поврзани со климатските промени.

Во сириските бегалски кампови во Јордан, на пример, на згрижените Сиријци им се помага да засадат градини за полесно да се вклопат, но им се обезбедуваат истите семиња што ги користеле и дома. Во Ирак, античките градби што се под закана да бидат уништени од екстремистите на Исламска држава, се скенираат со 3Д технологија за  да може да бидат проектирани или, пак, целосно обновени, ако има потреба. На овој начин може да се „зачуваат“ и значајни објекти што се загрозени од ерозија, поплави или од други климатски влијанија.

Досега врската меѓу експертите за зачувување на културното наследство и за борба со климатските промени била слаба. Но се појавува потреба да се зајакне.

  • Нашата работа е да градиме мостови. Климатската мобилност и раселувањата се прашања што го засегаат културното наследство - вели Ендру Потс од Интернационалниот совет за споменици, ИКОМОС, мрежа што поврзува организации од 140 држави, а има седиште во Франција.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет