mksqen
16
Пон, Јун
0 Нови / 7 дена

Пливачки поход за спас на Мртвото море

Пливачки поход за спас на Мртвото море

Типографија

Група од 25 пливачи  беа во поход за препливување на Мртвото море во Јордан со намера да го потсетат светот за неговото исчезнување.

Пливачите опремени со заштитни маски пливаа во Израел преку Мртвото море на најјниската точка на планетата на 423 метри под нивото на светското море.

Нивото на Мртвото море во последните три децении е опаднато за 25 метри, а за тоа еколозите го обвинуваат претераното искористување на минералите кои ги содржи.

Целта на пливачите е да испратат порака тоа да се спаси.

За препливување на Мртвото море пливачите се опремени со специјални маски за го заштитат лицето од солената вода, која е дури и десет пати посолена од океанската. Заради високата концентрација на сол пливачите всушност лебдат по површината.

Во походот пливачите ги следат чамци со медицинска опрема и храна.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет