mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Емисиите на јаглерод диоксид на стабилно ниво трета година по ред

Емисиите на јаглерод диоксид на стабилно ниво трета година по ред

Типографија

Глобалните емисии на јаглерод диоксид предизвикани од согорувањето на фосилни горива веќе трета година по ред се на стабилно ниво и не би требало да се очекува нивно зголемување во следниот период, се наведува во една британска еколошка студија.

Во научниот труд, дело на унверзитетот „Источна Англија“ и Проектот „Глобален Јаглерод“, се наведува дека во текот на оваа година количеството на јаглерод диоксид ослободено во атмосферата е само за 0,2 отсто поголемо во споредба со 2015 година.

Лани годишните емисии на јаглерод диоксид останале на исто ниво како и во 2014 година, кога ослободувањето на овој штетен гас, што го предизвикува ефектот на стаклена градина, се зголемило за 0,7 отсто во споредба со претходната година. 

Според авторите на студијата, главна причина за стабилното ниво на глобалните емисии на гасот во последните три години, најверојатно се должи на намаленото користење на јаглен во Кина, која е еден од водечките светски загадувачи.

Научниците утврдиле дека годинава емисиите на јаглерод диоксид во Кина се намалиле за 0,5 отсто, а во САД за 1,7 проценти.

  • Трета година по ред имаме речиси нулто зголемување на емисиите на јаглерод диоксид, што е настан без преседан во време на забрзаниот економски раст - оценува раководителката на истражувачкиот тим што ја изработи студијата, Кортни Ле Квер.

Таа нагласува дека ваквите резултати се охрабрувачки и претставуваат голема помош во борбата против климатските промени, но сепак додава дека тоа не е доволно.

  • Сега е потребно од спречување на растот на емисиите  да преминеме на нивно брзо намалување - истакнува Ле Квер.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет