mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

СМО: Затоплувањето придонесе за екстремните метеоролошки појави

СМО: Затоплувањето придонесе за екстремните метеоролошки појави

Типографија

Затоплувањето на планетата влијаело на зачестеноста на екстремните временски услови, особнено на сушите и на топлотните бранови меѓу 2011 и 2015 година, наведува Светската метеоролошка организација.

  • Климатските промени предизвикани од човековите активности придонесоа за бројни екстремни случувања - нагласила оваа организација, која е дел од ОН, на климатската конференција во Маракеш.

Во овој петгодишен период, според СМО, веројатноста за појава на екстремни температури се зголемила за десет пати. Како што вели нејзиниот генерален секретар Петери Талас, ефектите од климатските промени, како зголемувањето на просечната светска температура и на копното и во океаните, порастот на нивото на морињата, топењето на мразот и други, го зголемиле ризикот од екстремни појави како топлотни бранови, суша, рекордни врнежи и поплави. СМО потсетува дека од 2011 до 2015 година биле петте најтопли години на сите континенти освен во Африка, и дека просечната температура била за 0,57 степени повисока од просекот меѓу 1961 и 1990 година. Во 2015 година, пак, просечната температура на планетата била за повеќе од еден степен повисока во споредба со периодот пред индустриската револуција.

  • Само што го имавме најтоплиот петгодишен период откога се водат мерењата, а 2015 година е прогласена за најтопла. Дури и тој рекорд најверојатно ќе биде надминат во 2016 година - вели Петери Талас.

Иако е комплицирано да се најде врска меѓу поединечни временски случувања и климатските промени, во извештајот се наведува дека во овој период се зголемила веројатноста за многу појави, како резултат на климатските промени предизвикани од човековиот фактор. Како пример се наведуваат рекордно високите сезонски и годишни температури во САД во 2012 година и во Австралија во 2013 година, топлите лета во Азија и во Западна Европа во 2014 година, топлотниот бран пролетта и летото 2014 година во Австралија, рекордната жештина во Европа во 2014 година, топлотниот бран во Аргентина во декември 2013 година итн. Во извештајот не е пронајдена врска меѓу климатските промени и екстремните врнежи од дожд.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет