Државниот секретар на САД, Џон Кери, денеска пристигна на дводневна посета на Антартикот, на која ќе се запознае со влијанието на климатските промени врз ледениот континент.
Со ова, Кери стана највисокиот претставник на САД кој го посетил Антартикот.
Тој пристигна со воено-транспортен авион, со доцнење околу еден ден поради лошите временски услови. По околу петчасовното патување, групата пристигна во станицата „Макмурдо“, која е центар на американските истражувачки дејности.
Кери планира утре да се врати во Нов Зеланд, од каде што тргна, за да разговара со премиерот Џон Ки. Следната недела планира да патува на Блискиот исток, а потоа да замине во Мароко, каде ќе одржи говор на меѓународната конференција за климатски промени.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS