mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Научниците и медиумите заедно за проблемите околу климатските промени

Научниците и медиумите заедно за проблемите околу климатските промени

Типографија

Вториот состанок на известувачите за заштита на животната средина од новинските агенции од Медитеранот се одржува во Маракеш, паралелно со Светската конференција за климатските промени КОП 22.

На отворањето на состанокот присуствуваа Високиот комесар за вода и шума на Мароко Хашими Идриши, директорот на Меѓународната организација за заштита на природата Антонио Проја и директорот на шпанската новинска агенција ЕФЕ Артуро Ларена.

Одржувањето на највисоката светска конференција за климатските промени во Маракеш КОП22, Ларена го оцени како историски момент, бидејќи на тој собир присуствуваат илјадници учесници од сите држави од светот и претставници на нивните влади.

Повеќе од 50 учесници, меѓу кои и новинари од 16 земји од двата брега на Медитеранот се сретнаа со научници и експерти за да дискутираат за можностите за унапредување на известувањето за климатските промени.

Првиот состанок од овој формат се одржа минатата година во декември во Малага, кога беше формирана мрежа специјалисти за известување за проблемите со кои се среќаваат медитеранските држави.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет