mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Кина ветува намалување на емисиите на јаглерод диоксид

Кина ветува намалување на емисиите на јаглерод диоксид

Типографија

Кинескиот државен совет објави нов план во борбата против климатските промени . Целта е до 2020 година да се намали емисијата на јаглерод диоксид за 18 отсто во однос на 2015 година.

Планот предвидува потрошувачката на јаглен да биде ограничена на 4,2 милијарди тони до 2020 година, а да се зголеми капацитетот на нефосилни извори на енергија, како што се хидроцентрали и нуклеарни електрани.

Кинеските власти го соопштија својот план на денот кога стапи во сила Парискиот договор за климата, што го потпишаа повеќе од 200 земји. Кина ја презема водечката улога во преговорите за климатските промени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет