Властите на Њу Делхи најавија низа мерки во борбата против огромното загадување на воздухот кое го има зафатено главниот град на Индија.
Во мерките спаѓа и тридневно затворање на училиштата, престанок на работа на градилиштата и полевање на улиците со вода за да се намали прашината.
Во Њу Делхи се измерени преку 900 микрограми ПМ-2,5 честички во кубен метар воздух, што е околу 90 пати поголемо загадување во однос на нивоата кои Светската здравствена организација ги смета за безбедни и околу 15 пати повисоко од нормите на индиската влада. Во градот цела недела имало непрекинат сив смог.
Меѓу мерките за намалување на загадувањето е и десетдневна забрана за употреба на сите генератори на дизел, освен на местата како што се болници и за пренос на сигнал за мобилните телефони.
Од четврток сите главни патишта во Њу Делхи ќе се чистат со правосмукалки и тоа еднаш неделно.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS