mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

И младите здрави луѓе имаат оштетени крвни садови од загадувањето

И младите здрави луѓе имаат оштетени крвни садови од загадувањето

Типографија

Постои можна врска меѓу ситните честички што го загадуваат воздухот и ошетувањата и воспаленијата на крвните садови на младите здрави луѓе, покажало едно ново истражување.

  • Овие резултати суштински го прошируваат нашето знаење за тоа како загадувањето на воздухот предизвикува кардиоваскуларни заболувања. Тоа покажува дека изложеноста на загаден воздух е поврзана со цела низа штетни последици - велат Ц. Арден Поуп, главен автор на студијата и Мери Лу Фултон, професорка по економија на Универзитетот Бригам Јанг во Прово, Јута.

Одамна е познато дека загадувањето на воздухот предизвикува кардиоваскуларни заболувања и смрт од нив. Во 2004 година Американската асоцијација за срце издаде научна изјава, обновена во 2010 година, со која предупредува на овие ризици и им препорачува на луѓето да се консултираат со своите доктори и да го избегнуваат изложувањето на загаден воздух. Но се уште не е утврдено како точно загадувањето ги оштетува крвните садови и го зголемува ризикот од болести.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет