mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Русија ќе го продолжи Турски поток кон ЕУ само со дозвола на Брисел

Русија ќе го продолжи Турски поток кон ЕУ само со дозвола на Брисел

Типографија

Русија ќе ја продолжи втората линија од гасоводот Турски поток од Турција кон ЕУ, само ако за тоа добие дозвола од Брисел, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Според сегашната траса, овој гасовод води од Краснодарскиот регион на југот на Русија до областа Тракија во европскиот дел на Турција, преку Црно Море. Реализацијата на проектот се одвива со проблеми поради променливите политички односи меѓу Турција и Русија. Но на средбата меѓу претседателите на двете земји, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин на 10 октомври годинава во Истанбул, и двајцата ги потврдија заложбите за изградба на гасоводот.

Турскиот поток треба да се изгради како алтернатива на пропаднатиот проект Јужен Поток со кој Европа требаше да се снабдува со руски гас, но тој подоцна беше откажан.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет