Министерската за екологија на Германија од редовите на Социјалдемократката партија (СПД), Барбара Хендрикс побара германската канцеларка Ангела Меркел да интервенира во дебатата за Акцискиот план за климата, со цел земјата да биде во можност да го испочитува договорот за борба против климатските промени потпишан минатата година во Париз.
Хендрикс која вели дека предходно разговарала на оваа тема со канцеларката Меркел, бара Германија да го одобри својот Акциски план пред следната рунда глобални разговори за климата, што ќе се одржат кон крајот на месецот во Мароко.
Против предлогот на Хендрикс се министерствата за транспорт и за земјоделство, кои што ги водат кадри на коалицијата на Хриситјанско демократската убија (ЦДУ) и Христијанско социјаланта унија (ЦСУ), кои не се согласуваат со плановите на социјалдемокраатката.
Стравот кај десничарите е дека воведување на предлозите на Хендрикс може да предизвика негативни економски последици.
- Ако политичките надлежности на канцеларката имаат некаква вредност, мојот предлог треба да биде вратен без никакви забелешки од страна на министерствата, изјави Хендрикс за германските медиуми директно прозивајќи ја канцеларката Меркел, која со месеци молчи на оваа тема.
Според планот, Германија треба да ја намали употребата на фосилни горива и до 2025 година да ја намали емисијата на јаглерод диоксид за 95 проценти.