mksqen

Голема поддршка за развојот на обновлива енергија во САД

Голема поддршка за развојот на обновлива енергија во САД

Типографија

Американското население силно го поддржува развојот на обновлива енергија, а е поделено по прашањето за користење фосилни горива, покажала анкетата на истражувачкиот центар Пју.

Со истражувањето, наречено „Политика за климата“, е утврдено дека добар дел од Американците се уште го поддржуваат растот на користењето фосилни горива, додека речиси сите го поддржуваат користењето обновливи извори.

  • Иако јавноста е многу поделена по прашањето на политиките за заштита на животната средина, ова е редок пример за кој има широка согласност. Поделбата останува силна во врска со прашањето за користењето фосилни горива, како ископувањето јаглен, црпењето нафта и гас во морињата и за хидрауличното дупчење за црпење нафта и гас на копно. Околу 41 отсто од домаќинствата рекле дека сериозно размислувале да постават соларни панели на своите домови, а четири отсто веќе ги поставиле - велат од истражувачкиот центар.

Оттаму додаваат дека испитаниците ги наведувале и двете причини зошто сакаат да постават панели, и поради заштедите што ќе ги постигнат, и поради позитивниот ефект врз животната средина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет