Во Романија ќе се даваат грантови за инвестиции во помалку експлоатираните обновливи извори на енергија како биомасата, биогасот и геотермалните води.
Програмата за поддршка е во вредност од повеќе од 100 милиони евра, а романското министерствоз а Европски фонд вели дека максимално планиран грант по проект е 15 милиони евра.
Средствата ќе бидат обезбедени од Европскиот фонд за регионален развој и ко-финансираниот од страна на државата преку буџетот на Министерството. За следната година предвидени се 20,1 милиони евра, а за 2018 година сумата е 30,1 милиони евра. Во 2019 година сумата е уште поголема, односно 40,2 милиони евра, а за 2020 година се наменети 10 милиони евра.