Почнувајќи од 2019 година, сите нови или обновени куќи и станбени згради во Европа, ќе треба да имаат станици за полнење на електрични возила.
Ова се предвидува со нацрт-директивата на Европската унија.
Новото правило, кое ќе биде објавено до крајот на годината, има за цел да им помогне на земјите да ги сопрат емисиите на стакленички гасови што доаѓаат од транспортот, и со тоа да го намалат загадувањето на воздухот.