mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Отпадот на Пацификот голем колку половина САД

Отпадот на Пацификот голем колку половина САД

Типографија

Голем куп отпад што е сместен меѓу Хаваи и Калифорнија е многу поголем, отколку што претходно се сметаше, покажаа снимките направени од воздух.


Џиновскиот куп од отпад во Тихиот Океан покрива околу 4,5 милиони квадратни километри, што е речиси половина од површината на САД.

Набљудувањето од воздух го изврши фондацијата „Ocena Cleanup“, финансирана од страна на филантропи од целиот свет и од холандската Влада, која планира до 2020 година да почне со чистење на големото количество пластичен отпад, што кружи по океаните.

  • Вообичаено е прво да согледате со што имате работа и тоа беше задача пред да почнеме со чистењето. Но, ова што го видовме не го очекувавме. Количеството отпад целосно не изненади. Бизарно е да се види толку многу во она што би требало да биде чист океан - изјави Бојан Слат, основач на фондацијата.

Центарот на т.н. голем пацифички „тепих“ од отпад е мирен дел на Тихиот Океан, а морските струи, кои кружат околу него го носат отпадот. Тоа предизвикува акумулација на отпадот.

Купот акумулирал пластичен отпад, вклучувајќи големи предмети и помали искршени микро пластични предмети, кои може да бидат проголтани од рибите и на тој начин да влезат во ланецот на исхрана.

Според Програма за заштита на животната средина на Обединетите нации џиновскиот куп отпад расте толку брзо, што станува видлив од вселената, како и Кинескиот ѕид.


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет