mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Продолжува потрагата по украдениот пингвин во Јужна Африка

Продолжува потрагата по украдениот пингвин во Јужна Африка

Типографија

Вработените во резерватот за диви животни во Јужноафриканската република трагаат по украдениот пингвин од паркот кој е пуштен во дивината.


Африканскиот пингвин Бади припаѓа на групата загрозени животни, тој е роден во резерватот и не може да преживее во дивината.

Бади е украден од двајца студенти, активисти за заштита на животните во знак на протест против држење на диви животни во затворен простор.

Стручњаците велат дека Бади може да преживее во дивината најмногу до две недели, а потоа може да умре од глад.

  • Среќа што беше здрав пингвин и подебел па има резерви за неколку недели - вели Дилан Бејли, директор на „Бејворлд“.

Пингвинот Бади е дел од парот за размножување и во времето кога е украден тој водел грижа за неговите две младенчиња. Едно од младенчињата е умрено откако Бади е украден. Женката Френсис сега не може да го напушти гнездото затоа што нема кој да ја замени во грижата за малечките.

Африканскиот пингвин се наоѓа на листата на критично загрозени видови, со помалку од 20 илјади парови за размножување во дивината. Тие се исто така моногамни животни и затоа парењето на Френсис со друг мажјак е невозможно.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет