Шведска планира да воведе даночни олеснувања за поправање чевли, техничка стока и други производи, за да ги поттикне луѓето да ги поправаат наместо да ги фрлаат.
Најавената мерка е одговор на ситуацијата во земјата, во која што купувањето и доставувањето на нов чифт обувки често е поевтино отколку поправката на старите и оштетени. Идентични примери може да се најдат и со новата технологија и со компјутерите.
Една од мерките предвидува намалување на даночната ставка за поправка на обувки, облека и велосипеди од 25 на 12 отсто. Со друга, пак, се предвидува половина од цената на работната рака за поправка на големи апарати (фрижидери, печки, машини за миење садови) да се враќа како поврат на данокот на доход. Исто така, се предлагаат и дополнителни давачки за купување нови компјутери и уреди. Парламентот ќе треба да гласа за новите мерки во декември.
Иницијатор на новите мерки е шведскиот министер за финансии и потрошувачки прашања Пер Болард, кој вели дека веќе има зголемена свест во општеството дека треба да се изработуваат производи што ќе траат подолго, за да се намали потрошувачката на материјали.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS