mksqen

Еко-свест со повик за проектни идеи против аерозагадувањето

Еко-свест со повик за проектни идеи против аерозагадувањето

Типографија

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест објави повик до локалните неформални иницијативи од Скопје за доставување проектни идеи за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот.

Од организацијата велат дека неформалните иницијативи се покануваат да достават проектни апликации за активности кои на локално ниво би придонеле за решавање на проблемот и би ги стимулирале граѓаните самите да преземат одговорност за загадувањето на воздухот и да ги променат своите навики.

Повикот се реализира со финансиска поддршка од Американската амбасада во Скопје. Сите заинтересирани локални неформални иницијативи можат да аплицираат на повикот со пополнување на пријавата во прилог и доставување на истата до Еко-свест во електронска форма на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 18 септември годинава.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје