Само што го оградија паркчето на Букурешка кај продавничката „Часкир“ и сакаат да изградат зграда висока 21 метар, на место каде најмалку е предвидено да има станбен објект.
Ова е најновата објава од неформалната група „Зелено Тафталиџе“, која што досега неколку пати ги спречи градежните работници и машинеријата да го претворат нивниот парк во градилиште.
- Ги повикуваме сите соседи, пријатели и граѓани засегнати од секојдневната узурпација назелените простори да ни се приклучат и да не дозволиме да продолжи ова лудило. За нашата иднијна се работи - се вели во објавата.