mksqen

Дрвокрадец украл 600 борови од Водно

Дрвокрадец украл 600 борови од Водно

Типографија

Полицијата во изминатиов викенд расчисти повеќе случаи на кражба на дрва, главно поврзани со нелегална сеча и транспорт на огревно дрво, освен на еден случај на Водно, каде што се краделе борови садници.

Поднесена е кривична пријава против 56-годишниот Т.К. за делото „пустошење шума“. Според полициските информации, ток кон крајот на мај во парк-шумата Водно опустошил простор од 5.864 квадратни метри. Соборил повеќе стебла од вид црн бор во вкупна количина од 8,4 кубни метри, листарски дрва во вкупна количина од 10 кубни метри и природен помладок од црн бор во вкупно количество од 600 садници со старост над три години.

Вкупната штета од ова пустошење е проценета на 853.200 денари, или нешто помалку од 14 илјади евра.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје