mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Голем собир на активисти за заштита на јавните простори

Голем собир на активисти за заштита на јавните простори

Типографија

Повеќе граѓански иницијативи за заштита и зачувување на јавните простори, формални и неформални, ќе одржат средба следната сабота, на 17 септември, во 12 часот, во паркот на улицата Букурешка во Скопје.

Овој парк во населбата Тафталиџе неколку пати беше одбрануван од локалните жители од градежните екипи што доаѓаа да почнат таму да градат нова стамбена зграда. Собирот ќе се одвива под мотото „комшиска, граѓанска, добрососедска, обединета и здружена солидарност“, а е по иницијатива на Левичарското движење „Солидарност“.

Идејата е да се отвори дискусија меѓу претставници од сите иницијативи на самоорганизирани граѓани и граѓанки што водат свои битки во Скопје, Охрид, Штип, Битола, Тетово и во други градови, да се запознаат едни со други за околностите на проблемите и за досегашните стратегии, и да се разгледаат можностите за зголемување на ефикасноста и едектот преку заеднички настап во блиска иднина.

Присуството го потврдиле иницијативите Охрид СОС, Битола не е на продажба, Еко герила Тетово, Во одбрана на паркот 8 Ноември Штип, Во одбрана на Дебар Маало и други, а настанот е од отворен карактер и сите организации и иницијативи се поканети.

  • Повеќе неформални граѓански иницијативи никнаа застанувајќи во одбрана на своите населби и заедничките добра по кои бескрупулозно посегаат општинските власти преку лукративни и целосно неиздржани проекти за урбани градби. Повеќекатници, нефункционални катни гаражи и приватни објекти забрзано се појавуваат во населени места со и онака малку зеленило и каде што за нив нема место - порачуваат организаторите.

Како што додаваат тие, повеќекатници, нефункционални катни гаражи и приватни објекти забрзано се појавуваат во населени места со и онака малку зеленило и каде што за нив нема место, па затоа соседи и соседки од голем број општини се самоорганизираат на разни начини за да ги зачуваат своите јавни простори.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје