mksqen

Нов рок за пријавување штети од поплавите, до 7 септември

Нов рок за пријавување штети од поплавите, до 7 септември

Типографија

На барање на граѓаните, а со цел да се обезбедат можности за пријавување на штетата за сите лица кои претрпеа штета од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, Владата одлучи да го продолжи крајниот рок за пријавување на штетите.

Како што соопштуваат од владината прес служба краен рок за пријавување на настанатите штети на недвижниот имот, движниот имот, моторните возила, земјоделските површини и сточниот фонд од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, за оштетените од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански пат, Смилковци, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Шипковица, е среда 7 септември 2016 година заклучно со крајот на работното време во 16:30 часот.

Сите лица од овие населени места кои досега ги немаат пријавено штетите од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, тоа може да го направат во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово, или пак во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Гази Баба и Тетово, заклучно со 16:30 часот во среда, 7 септември 2016 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје