mksqen

Граѓани на Карпош ќе протестираат против урбанистичките решенија

Граѓани на Карпош ќе протестираат против урбанистичките решенија

Типографија

Мирен јавен протест за денеска најавуваат жителите на улицата Московска во општината Карпош. Тие ќе се соберат на раскрсницата меѓу нивната улица и булеварот Партизански одреди.

  • Ова нека биде прв час за општинарите, кои допрва треба да научат многу лекции од своите компии, соседи, сожители, кои ги избрале и ги довеле на тие функции - велат организаторите во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук.

За протестот се вели дека е против „урбаното дивеење“ во општината Карпош, иако не е наведен поконкретен повод. Жителите ги повикуваат сите граѓани на Карпош да им се придружат. Во општината Карпош во изминатиов период беа актуелни неколку локални побуни против градежните плнови.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје