Акција за чистење на одводните канали се спроведуваше низ целата општина Кисела Вода преку истурените канцеларии на Секторот за месни заедници и социјална заштита.
На чистењето, како превентивна заштита пред новонајвените обилни врнежи, работеа 50 сезонски работници распоредени по урбани и месни заедници, координирани од раководителот на Секторот за месни заедници и социјална заштита, се наведува во соопштението на општината. Во акцијата е расчистена згуснатата вегетацијата, наталожената тиња, како и на целиот отпад фрлен од несовесните граѓани во летниот и почетокот на есенскиот период.
Од општината Кисела Вода апелираат до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина, во која и самите живеат.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS