mksqen

Маалски муабети за спас на паркот во Тафталиџе

Маалски муабети за спас на паркот во Тафталиџе

Типографија

Граѓаните на населбата Тафталиџе утре (понеделник, 29 август) ги организираат првите тафталиџански маалски муабети, како продолжение на нивната борба за одбрана на паркот на улицата Букурешка.

  • По повеќенеделно макотрпно бранење на паркот, решивме овој пат да одржиме настан кој ќе го покаже Тафталиџе 1 во својот полн потенцијал и ќе го поттикне маалското живеење и интеракција кои ни се потребни за да го зачуваме јавниот интерес на населбата - се вели во поканата објавена на фејсбук-страницата Зелено Тафталиџе.

Програмата се состои од музички дел за кој ќе се погрижат нивните соседи Beta House и DJ Irie Scratch. Ќе се одржи трибина насловена „Маалски Муабети“, на која соседите ќе можат да си ги искажат своите проблеми и предлози за унапредување на урбаното живеење во нашата населба. Ќе заврши со изложбата „Тафталиџе низ генерациите“ на која ќе бидат претставени фотографии од настанувањето на наслбата па се` до денес. На настанот ќе бидат претставени и следните чекори на иницијативта Зелено Тафталиџе за зачувување на паркот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје