mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Наместо зграда, детска куќичка во паркот во Тафталиџе

Наместо зграда, детска куќичка во паркот во Тафталиџе

Типографија

Целодневно маалско дружење денеска се организираше во паркот на улицата Букурешка во населбата Тафталиџе, во знак на протест против обидите да се изгради стамбена зграда на ова парче зеленило.

За него граѓаните велат дека е последниот преостанат зелен јавен простор во населбата, и поради тоа неколку пати застануваа со жив штит пред градежните екипи на државното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор и не им дозволуваа да почнат со работа.

Жителите вчера почнаа проект за изградба на детска куќичка во паркот, наместо зградата што е планирана. На малата табла до темелте, како „инвеститор“ на проектот е запишана иницијативата „Зелено Тафталиџе“, а и се вели дека одобрение за градба дале граѓаните на Тафталиџе.

По денешниот целодневен пикник, тие најавија дека утре ќе побараат од советот на општината Карпош да овозможи месен референдум, за да покажат дека граѓаните таму не сакаат уште една зграда.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје