mksqen

Утре граѓански собир во загрозениот парк во Тафталиџе

Утре граѓански собир во загрозениот парк во Тафталиџе

Типографија

Жителите на Тафталиџе ги повикуваат сите граѓани утре (недела, 21 август) да дојдат во 12 часот во паркот на улицата Букурешка, на целодневно дружење под мотото „Паркот не паѓа“, објавија тие на фејсбук-страницата „Зелено Тафталиџе“.

На ова парче зеленило е предвидено да се гради стамбена зграда за која веќе е издадена градежна дозвола, а инвеститор е државното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор. Но локалните жители петпати досега застанаа пред градежните машини и не им дозволија да почнат со работа.

  • Оваа недела организираме целодневно дружење со цел да му се даде до знаење на узурпаторот дека паркот нема да падне. Зачестеното присуство на багерите и на градежните работници се јасен индикатор за намерата која ја имаат за овој простор, затоа наша должност е да ја сочуваме оваа прекрасна зелена површина - се вели во објавата.

Дружбата ќе вклучува дискусија околу константното бетонирање на зелените површини, правење скара и освежување со ладни пијалаци, најавуваат организаторите.

  • Дојди во недела, прави скара со соседите, дружи се и сочувај го паркот. Не дозволувај да фрлат бетон врз твојата иднина. Да се користи паркот како што навистина треба - повикуваат жителите на Тафталиџе.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје