mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Трендафилов: ако дождот паднеше на Водно, ќе имаше илјадници жртви

Трендафилов: ако дождот паднеше на Водно, ќе имаше илјадници жртви

Типографија

Голем интерес во јавноста предизвика тврдењето на професорот Александар Трендафилов што, експерт за ерозија, дека ако дождот што наврна во североисточниот дел од Скопската котлина наместо тоа паднеше на Водно, жртвите ќе се броеја во илјадници. Како што изјави професорот за телевизијата Телма, причината за тоа е изградбата на згради и обесшумувањето над црвената линија на скопската парк-шума.

Стотици ја споделуваат неговата теза на социјалните мрежи, каде што се формираат групи што бараат запирање на понатамошната урбанизација на Водно, бидејќи е засадена токму за да го заштити Скопје од пороите што порано го поплавувале.

Трендафилов образложува дека токму обесшумувањето на падините на Скопска Црна Гора и неодржувањето на каналите најмногу придонеле за трагедијата на 6 август, кога во поплавите загинаа 22 лица. Скопското поле, според мапите што тој ги прикажа пред телевизиската камера, имало многу поразвиена каналска мрежа пред 70 години, отколку денес.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје