mksqen

АХВ издаде препораки за заштита на населението во поплавените реони

АХВ издаде препораки за заштита на населението во поплавените реони

Типографија

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира граѓаните од поплавените региони постојано да се следат информациите за водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење преку локалните и националните телевизии, радија и преку интернет порталите.

  • За пиење, за подготовка на храна и за одржување на лична хигиена, да се користи само пакувана вода или вода за пиење од цистерни која ја доставуваат јавните водоснабдителни претпријатија.
  • Доколку постојат резерви вода, таа да не се употребува додека не се преврие (вриење најмалку 15 минути), или водата да се хлорира на соодветен начин, или од страна на стручно лице.
  • Доколку водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти, каде е видливо заматување на водата, таа да не се користи за пиење и за готвење, се до санирање на состојбата и до добивање лабораториска потврда дека водата е безбедна.
  • Доколку водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти каде нема видливи промени на водата, се препорачува да се изврши нејзина превентивна дезинфекција.
  • Редовно да се одржува хигиената на рацете со сапун или средство за дезинфекција, особено по контактот со водата од поплавата или со предметите кои биле поплавени, особено по чистењето и пред подготовка на храна.
  • Да се заштити готовата храна за да не дојде во контакт со водата од поплавата или со отпадните води.
  • Целата храна која била во контакт со водата од поплавата, во поплавени фрижидери, замрзнувачи или подруми, да не се користи за исхрана, односно, се препорачува храната да се фрли.
  • Да се дезинфицираат сите работни површини, како и приборот за готвење и јадење.
  • Храната да се подготвува со безбедна вода и задолжително термички да се обработи на температура повисока од 70 степени Целзиусови.
  • Подготвената храна да не се чува подолго од два часа на собна температура, односно треба да се чува на температура пониска од 10 степени Целзиусови.
  • Да се избегнува контакт на сурова храна со термички обработената храна.
  • Како дополнителни мерки се препорачува храната темелно термички да се обработи, особено храната од животинско потекло, додека овошјето и зеленчукот кое обично се користи сурово, дополнително да се измие во млака вода, да се исчисти, повторно да се измие и термички да се обработи.
  • Малите деца се препорачува да се хранат со индустриски подготвена храна.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје