Општината Гази Баба и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ денеска и утре организираат акција за собирање кабаст отпад: мебел, опрема од бањи, бела техника, електронски апарати и други стари предмети со поголеми димензии.
Акцијата е наменета за граѓаните од урбаниот дел на општината. Службите на „Комунална хигиена“ отпадот ќе го собираат од пред нивните домови. Акцијата ќе биде спроведена од 7 до 11 часот, во текот на двата дена.
Денеска ќе бидат опфатени Автокоманда, Железара и Ќерамидница, а утре Маџари, Триангла, Хиподром и Ченто.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS