Граѓанската иницијатива „Сакаме Аеродром да дише“ изразува загриженост поради затишјето кое настана околу еден од деталните урбанистички планови на општината, кој во март беше повлечен на доработка.
- Проблематичните измени на деталните урбанистички планови во Скопје секогаш се носеле или за време на Божиќните празници или во деновите околу Илинден, кога Скопје е речиси празно. Затоа испраќаме јавна порака до раководството на општината, да има одговорност за своите постапки и да не прави никакви чекори во отсуство на граѓаните, поради летните одмори. До следните локални избори има уште помалку од една година, размислете за резултатите - порачаа од оваа иницијатива.
Инаку планот што иницијативата го оспорува е за дел од појасот покрај Вардар, и активистите тврдат дека ако таму се предвидат и изградат високи згради, ќе се наруши струењето на воздухот и уште повеќе ќе се зголеми загадувањето во Аеродром. Општината ги отфрлаше овие тврдења.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS