Три објекти, познати како романски кули во скопската населба Тафталиџе ќе добијат енергетски ефикасни фасади, соопшти општината Карпош. Градоначалникот Стевчо Јакимовски истакна дека станува збор за објекти на улицата Женевска, со броеви 6, 8 и 10.
- Целата инвестиција, која е обезбедена од локалната самоуправа, чини 14,3 милиони денари, а работите ги изведува градежната фирма „Гермак“ - рече Јакимовски.
Тој додаде дека годинава се планираат да се реконструираат фасадите на вкупно 41 зграда. Со овие три објекти, пак, како што вели Јакимовски, општината Карпош стигнува до половина пат од исполнувањето на планот за подобрување на енергетската ефикасност на стамбените објекти на своето подрачје. Фасадите се очекува да бидат готови до декември.