Општина Кисела Вода во соработка со урбаните заедници и граѓанските организации на 29 и 30.07.2016 година од 07 – 11 часот ќе спроведат акција за собирање на кабаст отпад.
Општина Кисела Вода упатува апел до сите граѓани отпадот да го одложуваат во точно предвидените термини пред своите домови, колективните згради пошироките улици, а притоа да не се загрозува сообраќајот за автомобилите и пешаците.
Кабаст отпад опфаќа секаков вид на домашен смет освен градежен шут и комунален отпад.
Извор: Плус24.мк
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS