Општина Кисела Вода отпочна со дератизација на јавните површини на нејзината територија.
Постапката за уништување на глодарите започна од населбата Драчево, а во наредните дваесет дена ќе бидат опфатени јавните површини и низ другите месни и урбани заедници.
Дератизацијата ја спроведува Токси Вет во соработка со ЈП Водовод и канализација и општина Кисела Вода, преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина. Мамците против штетните глодари ќе бидат поставени во 3860 шахти.