Околу 100 дрвја се засадени на новоподигнатата зелена површина на раскрсницата на булеварот Видое Смилевски Бато со булеварот Февруарски поход во населбата Ново Лисиче.
Акцијата со садење на дрвја ќе продолжи со засадување на еден милион дрвја.
Од планираните засадени дрвја Град Скопје обезбедил 250 илјади садници кои во наредните десет дена ќе бидат засадени.
Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски вели дека покрај засадувањето на дрвцата, општината од понеделник ќе почне со инсталирање на системот за наводнување во паркот „Нинберг“ кој треба да биде поставен за петнеасет дена.