Градските јавни претпријатија наредните пет дена ќе работат на расчистување и средување на населените места во општина Гази Баба.
Во акцијата се вклучени „Комунална хигиена“, „Водовод и канализација“, „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“ и јавното претпријатие Гази Баба, кои секој во својот домен ќе вршат расчистување и средување на населените места во координација со секретарите од месните и урбаните заедници и претставниците од општината.