mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Технолаб - прва сертифицирана лабораторија за испитување емисии во воздухот

Технолаб - прва сертифицирана лабораторија за испитување емисии во воздухот

Типографија

Нови методи за испитување на емисии во воздух кои се во насока на следење на највисоките европски стандарди, промовираше компанијата Технолаб од Скопје.

Со овие методи се вршат мерења на испуштање загадувачки супстанци од фабричките оџаци.

  • Минатата година во декември успеавме да воведеме 15 методи за мерење на емисијата на загадувачки супстанци од стационарни извори во воздухот, со што сме првата и сега за сега единствена лабораторија која го воведе стандардот CEN 15675 кој се однесува за мерење на емисии од стационарни извори - вели директорката на Технолаб Магдалена Трајковска-Трпевска.

Таа појасни дека причината за нарушување на квалитетот на амбиентниот воздух е испуштањето на загадувачки супстанци од индустриските инсталации, а последица е амбиентниот воздух кој го дишиме. Прв чекор кој се презема во насока на превентивно делување, според Трајковска -Трпевска, се точните податоци од мерењата на емисиите во воздухот.

Од Технолаб информираат дека лабораторијата врши испитувања на сите медиуми на животната средина согласно акредитираните методи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје