mksqen
22
Нед, Дек
0 Нови / 7 дена

Акција за чистење на диви депонии во општина Ѓорче Петров

Акција за чистење на диви депонии во општина Ѓорче Петров

Типографија

Општина Ѓорче Петров почна акција за интензивно отстранување на ѓубре на поголемите депонии на нивната територија.

Како што соопштија од општината, екипите и механизацијата на претпријатијата избрани за оваа намена исчистиле околу 40 илјади кубни метри градежен шут, кабаст отпад, стари електрични апарати и друго од депонијата во село Ново село која се протега на површина од 20 илјади квадратни метри.

Истата површина ќе биде засадена со садници и ќе се уреди како зелена површина.

  • Екипите ќе продолжат и со чистење на коритото на реката Лепенец се додека не се добие една уредна и чиста слика што ќе го разубави просторот - информираат од општина Ѓорче Петров.        

Од општината апелираат до граѓаните да не се одлага комунален смет и интерен отпад на диви депонии бидејќи строго ќе се применува законот за јавна чистота и ќе се преземат високи и ригорозни казни.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје