Секторот за подигање на зеленило на ЈП „Паркови и зеленило“ ќе работи на пресадување на 12 багреми и два каталпи од улица Народен Фронт, кои ќе бидат засадени во Паркот на новинарите спроти зградата на Нова Македонија на булевар Свети Климент Охридски.
Како што информираат од ЈП „Паркови и зеленило“, дислокацијата на садниците се врши на барање на Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија „Балкан Енерџи“ по добиено правосилно одобрение за градба издадено од општина Центар.