Градот Скопје во насока на намалување на аерозагадувањето почна со миење на улиците.
ЈП „Комунална хигиена“ со пет автоцистерни врши машинско миење на поголемите улици и булевари во градот.
Од Град Скопје информираат дека се мијат и улиците во скопските општини Центар, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода и Карпош.
Булеварите Борис Трајковски, Јане Сандански, Илинден и Партизански одреди, како и улицата Самоилава и други улици, исто така, се чистат и со четири специјални комунални возила – метлачки.
Работници вршат рачно метење и собирање на отпадоците, како и расчистување на остатоците од снегот и мразот на плоштадите „Македонија“, „Пела“ и ВМРО, се чисти Старата Чаршија, пешачките патеки и тротоарите на поголемите булевари, раскрсници и на мостовите Гоце Делчев, Око, Слобода, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата, Кејот 13-ти Ноември, како и пристапите до поголемите институции.