Скопката котлина и денес е најзагадена. Највисоки концентрации во осум часот се измерени во Гази Баба 486,21 микрограми на метар кубен, Лисиче 436,82, кај Ректорат 375,69, Карпош 251,55, кај Ректорат 375,69 и во Миладиновци 111,93 микрограми.
Повисоки концентрации се измрени и во Кавадарци од 235,14 микрограми, Куманово 115,37, Велес 93,59, Кичево 58,86, Тетово 50,90 проценти.
Во другите градови концентрациите се во дозволените максимални граници до 50 микрограми.
Според УХМР, од попладне се очекува промена на времето и расчистување на маглата. Во скопската котлина се очекува промена кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец и врнежи од дожд.