Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање изминатиов викенд покуваа екстремно загадување на воздухот со високи концентрации на ПМ10 честичките.
Според податоците во неделата во 18 часот се измерени 576,32 микрограми на метар кубен ПМ10 честички во Лисиче, 547 во Гази Баба, 520,01 кај Ректорат, 379 во Карпош и 223,40 во Миладиновци.
Максималната концентрација во викендот се измерени во Карпош од 1218,63 микрограми во саботата 22 часот, 803,97 кај Ректорат во 21 часот, 778,33 микгрограми во Лисиче на полноќ, 719 во Гази Баба во 23 часот и 388 микгрограми во Миладиновци во 6 часот.
Објавените податоци покажуваат загадување на воздухот од почетокот на овој месец, а во текот на претходниот месец загадување е забележано во 20 дена од вкупно 31 ден.
Загадување на воздухот има и во Куманово со концентрација од 363,31 микгрограм на метар кубен ПМ10 честички, Тетово со 74,38, Кичево 60,92 и Кавадарци 56,52 микгрограми.
Во рамки на дозволеното се концентрациите во Битола и Кочани.