mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Продолжува сечата на тополи и суви дрвја

Продолжува сечата на тополи и суви дрвја

Типографија

Сечата на тополите и сувите дрвја во Градскиот парк 2 од минатата недела е согласно Програмата за одржување јавни зелени површини и сечење дрвја.

Сечата, појаснува Душан Авировиќ, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, е поради повеќекратната штетност што ја прават тополите и сувите дрвја и поради потребата од дрвна маса за загревање на пролетниот расад цвеќиња кое се врши со дрвјата што Јавното претпријатие ги сече во Скопје, а не подлежат на издавање каков било документ за нивно отстранување.

  • Во текот на оваа недела ќе продолжиме исклучиво со сечење на тополи и суви дрвја, за кои не е потребна никаква документација - појасни Авировиќ и додаде дека со Градот се договориле при секоја акција на „Паркови и зеленило“ да има претставник од Секторот за комунални работи при Град Скопје.

Првиот човек на Јавното претпријатие информираше дека во изминатите осум години во Град Скопје се исечени 800 тополи, а во урбаниот дел се останати уште 70, кои пак се вметнати во програмата за отстранување во 2017 година. Минатата недела во Градскиот парк 2 исечени се пет тополи и три суви дрвја, платан, липа и јасен.

  • Според програмата за оваа година имаме предвидено 4.040 високо квалитетни садници да ги увеземе и да ги посадиме. Во текот на есенската акција засадивме 2.020 увезени садници и 3.000 произведени во расадникот на Јавното претпријатие - истакна Авировиќ.

Тој појаснува дека садниците ќе бидат посадени во урбаните  средини, но и дека во план е подготовка на Програмата за пошумување на парк шумата Водно и паркот на природата Гази Баба.

Директорот информираше дека од деградираните дрва Јавното претпријатие трпи големи штети, а најчесто од паднатите дрвја од појавата на невреме што, како што рече, се почесто се случува во Скопје.

  • Доколку некое дрво падне врз некое возило и тоа е означено за сеча, целокупната штета паѓа на товар на Јавното претпријатие, истакна Авировиќ и појасни дека доколку дрвото не е обележано, а падне врз возило, тие ќе побараат информација од УХМР за брзината на ветрот и доколку тој е над 80 километри на час штетата ја презема „Комунална хигиена“.

Минатата година Јавното претпријатие исплатило 960 илјади денари обесштетување за паднати дрва врз возила.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје